Туристички водичи, организатори на настани, фитнес центри, одморалишта и игротеки ќе добијат парична помош од Владата

Од:

Владата на денешната редовна 86-та седница го разгледа извештајот за спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на лиценцирани туристички водичи и донесе одлука да се одобрат 2.460.000,00 денари за 80 лиценцирани туристички водичи кои ги исполнија условите и критериумите утврдени во јавниот повик.

Со оваа одлука на туристичките водичи ќе им биде исплатена еднократна финансиска поддршка во висина од 30.750 денари за надминување на последиците од ковид кризата опфатена во шестиот пакет мерки на Владата.

Како дел од шестиот пакет анти-ковид мерки, врз основа на информацијата за спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на компании – оператори од индустријата за организација на настани, Владата денеска донесе одлука на 33 економски оператори од оваа дејност што ги исполнуваат условите утврдени во јавниот повик, од вкупно 45 апликации, да им бидат распределени 15.443.661,00 денари.

Од истата шеста програма за справување со последиците од ковид кризата, денеска е донесена и одлука за финансиска поддршка на регистрирани фотографски студија и фитнес центри со која на сите 184 правни лица од овие дејности кои аплицираа на јавниот повик, со оглед на фактот што сите ги исполнуваат условите, да им биде распределена предвидената финансиска поддршка од 11.924.820,00 денари.

Владата денеска ја разгледа и информацијата за резултатите од спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, и донесе одлука за исплата на вкупна финансиска поддршка од 5.442.232 денари, за вкупно 73 правни лица кои ги исполнуваат сите услови од јавниот повик за правните лица од овие дејности.

На денешната седница е утврден текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од корона вирусот КОВИД-19 врз производството на тутун со кој се уредуваат условите, корисниците и цената, како и постапката за доделување на финансиска поддршка за откупот на тутун од реколтата од 2020 година.

„Со оглед на тоа што не се работи за обемен и сложен закон, согласно член 170 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, како и во интерес на производителите на тутун, Владата го достави предложениот текст на усвојување по скратена постапка“, стои во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он