Турците дале рок за екстрадиција на Палчо – Министерот Лога не кажа јавно кога

Од:

Даден е рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција, но, министерот за правда Кренар Лога не сакаше јавно да ја обелодени информацијата кога е тој рок и кога Палчо ќе биде донесен во Македонија.

„При нашата официјална посета во Турција, ни кажаа дека судскиот дел е целосно завршен, останува само административниот дел. Според нивните правила, прво нивното МНР мора да потпише, па потоа министерот за правда. Очекувам за брзо да биде тоа, тоа беа и зборовите на мојот колега од Турција. Ни дадоа некој рок, но не сакам да кажувам такви детали, бидејќи таа работа зависи од нив, а не од нас“, рече Лога.

Министерот додаде дека одржува комуникација со турските власти. И дека дури и денеска побарале информација.

„Значи нема друга комуникација официјална, освен тоа што веќе сите работи се затворени и сите постапки се на време. Неофицијално сме комуницирале и денеска значи од тука баравме информација дополнителна кога би била испораката на Палевски“, додаде Лога.

Палевски е осомничен за грабнувањето и двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. По распишаната меѓународна потерница беше фатен во турскиот град Беликесир, каде од декември е во екстрадициски притвор.

Би можело да ве интересира

Десна на Палчо излегува на парламентарни избори: Новиот претседател на партијата носител во единицата

Александар Тодески

Турција најави: По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во Македонија

Лога во Анкара ќе бара информации што треба дополнително да се направи за екстрадиција на Палевски

Катерина Ѓуровски

Продолжен им е притворот на сите осомничени во случајот на киднапирањето и убиствата на Вања и на Панче

Лога: Процесот на реформи во правосудството е ултраинклузивен

Лога: Досега нема дополнителна информација за екстрадицијата на Љупчо Палевски