Турците дале рок за екстрадиција на Палчо – Министерот Лога не кажа јавно кога

Од:

Даден е рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција, но, министерот за правда Кренар Лога не сакаше јавно да ја обелодени информацијата кога е тој рок и кога Палчо ќе биде донесен во Македонија.

„При нашата официјална посета во Турција, ни кажаа дека судскиот дел е целосно завршен, останува само административниот дел. Според нивните правила, прво нивното МНР мора да потпише, па потоа министерот за правда. Очекувам за брзо да биде тоа, тоа беа и зборовите на мојот колега од Турција. Ни дадоа некој рок, но не сакам да кажувам такви детали, бидејќи таа работа зависи од нив, а не од нас“, рече Лога.

Министерот додаде дека одржува комуникација со турските власти. И дека дури и денеска побарале информација.

„Значи нема друга комуникација официјална, освен тоа што веќе сите работи се затворени и сите постапки се на време. Неофицијално сме комуницирале и денеска значи од тука баравме информација дополнителна кога би била испораката на Палевски“, додаде Лога.

Палевски е осомничен за грабнувањето и двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. По распишаната меѓународна потерница беше фатен во турскиот град Беликесир, каде од декември е во екстрадициски притвор.

Би можело да ве интересира

„Кажете само колку пари треба“, таткото на Вања напишал порака за откуп во погрешна група па ја избришал

Катерина Ѓуровски

Филков: Документот со препораките од Оценската мисија на ЕК бил земен од претходниот министер за правда

Aдвокатот на Палчо вели: Нема можност обвинетиот Палевски да биде поврзан со конкретните кривични дела

Палевски и соработниците седнуваат на обвинителна клупа, почнува судењето за убиството на Вања и Панче

Горан Наумовски

Одобрено е обвинението против Љупчо Палевски

Горан Наумовски

Реакција на Лога на изјавата на Мицкоски