Тура низ Скопје инспирирана од книгата „Мистериозниот град под калето“

Од:

По повод 58 години од катастрофалниот скопски земјотрес, денеска ќе се одржи едукативна тура низ градот, насловена „Скопска авантура“. Настанот е инспириран од интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ од авторката Александра Тодоровиќ.

Збирно место е пред Триумфалната капија, а потоа почнува обиколката низ градот. Предвидено е учесниците да се упатат на Кале, а потоа се оди во Мустафа-пашина џамија и црквата Св „Спас“.

– За сè да биде позабавно, ни треба мал одмор во Старата скопска чаршија за да се напиеме лимонада и да пробаме од вкусните бонбони во најпознатата продавница за слатки. Па на ред ќе дојдат Чифте Амам и Сули ан, а во меѓувреме не само слатктите, туку и игрите чекаат на нас! Иако патуваме назад во годините – игрите си постоеле отсекогаш, соопштија организаторите.

„Мистериозниот град под калето“ е книга посветена на Скопје во периодот под османлиска власт. Станува збор за роман-авантура, базиран на концептот прашање и одговор, каде што самиот читател го одредува текот на настаните и дејството, преку избор на страницата што ќе се сврти.

Би можело да ве интересира

Скопје денеска со повеќе активности одбележува 59 години од земјотресот кој го разори градот.

Заев: Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката

Ана Ололовска

Традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје

Ана Ололовска

Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Ана Ололовска

Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Ана Ололовска

Повторно земјотрес во Охрид и Ресен

Предраг Петровиќ