Тупанчески навиваше во Палермо, додека Брнз јавно алармираше дека скоро никој не верува во судството

Од:

Додека американската амбасадорка во Македонија, Кејт Брнз алармираше дека само осум проценти од Македонците веруваат во судските органи, министерот за правда Никола Тупанчески отиде да гледа натпревар во Палермо, Италија. „А1он“ дознава дека Тупанчески во вторникот со чартер лет замина за Палермо. Во истиот авион бил заедно со вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи, како и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

Од неговиот кабинет ја криеја оваа информација, па остана непотврдена се додека среде синоќешниот натпревар не го виде цела јавност на преносот во живо. „А1он“ побара информации кој го платил летот, дали се трошени пари на Министерството за правда за неговото патување, но не добивме одговор. Нема ниту објаснување, дали тој користи денови од одмор за да оди на ова патување. Ваквата заинтересираност за Тупанчевски произлегува од неговата недостапност во медиумите и тоа што не одговара на прашања, мејлови, пораки, повици.

За екипата на „А1он“ остана невозможно да исконтактира со Тупанчески, кој е министер 66 дена или нешто повеќе од два месеци. Кога побаравме интервју на средината на месец март, од неговиот кабинет ни кажаа дека агендата му е пополнета. И покрај посочувањето дека нема да го задржиме повеќе од час и половина, а дека има важни прашања за кои јавноста бара одговори – нивната одлука остана иста. Кога побаравме да ни посочат кога е првиот слободен термин – тие не одговорија. По ова, Тупанчевски јавноста можеше да го види на екраните, но не како говорник туку како навивач на трибини.

Тој среде Италија, пред натпреварот, ја слушна критиката од амбасадорката Брнз која рече: „Не е тајна дека јавноста нема доверба во судството“. Претходно, не реагираше на укажувањата од „А1он“ дека со лажни причини и незаконски се одбива барањето за видео интервју со Бојан Јовановски-Боки 13. Тој не ни одговори дали по негова наредба се забранети интервјуа и со измислени „безбедносни причини“ се оправдува овој потег на директорот Спасовски.

Единствените појавувања во јавност кои го имаше минатиот месец беше на промовирање на проект во Влада без можност за новинарски прашања надвор од темата, едно интервју, како и на затворени средби низ институциите под негова надлежност. Критиките за него се дека никој не знае што прави за реформирање на правосудните органи, но и за сузбивање на криминалот и корупцијата, а имајќи во предвид дека не реагира ни на укажувања.

Би можело да ве интересира

Лога на чекор да му го земе министерското место на Тупанчески, актуелниот министер: Се зборува дека местото ќе биде на берза

Кристијан Ландов

Тупанчески: Мора да бидеме внимателни со ветингот, дали тој ќе биде парцијален или ќе се однесува на сите функционери

Тупанчески: Некој функционер го искористил дискреционото право овозможувајќи предвремено полагање на правосудниот испит

Тупанчески: Државата е одлучна во процесот за постигнување дигитална трансформација на правосудството

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тие што треба да донесат правда се испотепаа, се купува ли слобода со пари – интервју со министерот Тупанчески

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Тупанчески го оправдува Џафери за отфрлање на референдумот: Тоа би значело отворање на Пандорината кутија

Кристијан Ландов