Тупанчески: Ќе и предложам на Владата да се формира меѓуресорска група која ќе дава мислење за историски личности

Од:

Министерот за правда Никола Тупанчески соопшти дека на денешната седница на Влада ќе предложи да се формира меѓуресорска група како преодно решение која ќе дава мислење за историските личности во процесот на регистрација на здруженијата.

„Она што во меѓувреме би требало да се направи според мене како министер за правда е да се превенира во однос на спречувањето на состојбите. Тоа значи дека денеска ќе се обидам и на седница на Влада да предложам решение – бајпасирање на состојбите до донесувањето на нов Закон за здруженија и фондации. Мојот предлог би бил да се формиа ад – хок тело, меѓуресорско, експертско, кое ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на кој што ќе се формираат или ќе дадат мислење за давање на согласност”, рече министерот за правда Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања.

Со ова ќе се намали можноста за злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма