(ВИДЕО) Тунтев: Неизвесно е дали ќе има решение за проблемот со Грција

Од:

Во Македонија се вратија надежта и перспективата за развивање општество, вели координаторот на СДСМ, Томислав Тунтев, според кого извештајот од ЕУ ја потврдува заложбата на парламентарното мнозинство и Владата, а опозицијата има придонес само со поддршката што ја дала за усвојување на реформските закони.

„Не смееме поради еуфоријата да го заборавиме темпото. Не така далечното минато покажа дека може да се скршне од патот и да се уништат сите заложби. Опозицијата е во право дека претходно сме имале позитивни извештаи од ЕУ. Но, со лошо владеење и непромислени политики, за 10 години се вративме 10 години назад. Станавме заробена држава”, вели Тунтев, додавајќи дека една шанса Македонија прокоцкала, а трета нема да добие.

Според пратеникот на СДСМ, Владата за 10 месеци покажала прогрес за решавање на проблемот со Грција. Тунтев вели дека неизвесно е дали ќе има решение со јужниот сосед, но треба да се продолжи со спроведување на реформите.

„Моите деца, вашите деца, целата младина е со една нога надвор од државата. Затоа мора да дејствуваме. Премногу беа заробени, па можност побараа подалеку од нас и нашите домови. Факт е дека ќе треба да поминат повеќе години за поправање на штетите од лошите и непромислени политики. Само со вистинска стратегија ќе се забрза полноправното членство во ЕУ. Заслуживме да живееме во нормална држава“, додава Тунтев.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он