(ВИДЕО) Тунтев на комеморацијата за Стојаноски: Јован друже, не се договоривме вака

Од:

Премиерот, Зоран Заев, во име на Владата се обрати на комеморацијата за починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски.

„Тешко е да се најдат зборови за утеха на семејството“, рече Заев кој упати сочувство до најблиските роднини на починатиот градоначалник.

„Смртта на Стојаноски е загуба за академската заедница, пријателите, градот. Јован беше пријател и професионалец. Имаше визија за Охрид да биде туристичка престолнина. Отворен беше за секој предлог. Ненаметлив, исполнителен човек, а тоа помогна сите да му возвраќаат со длабока почит. Нека почива во мир“, рече премиерот на комеморацијата.

Во име на пратениците, проштално обраќање имаше пратеникот, Томислав Тунтев.

„Занимавањето со политика може да биде благородно и неблагородно, ценето и неценето. Тој физички не е меѓу нас. Но, само во форма во која би сакале. Јован е до нас и со нас денес. Јован друже, не се договоривме вака. Велат, човек умира два пати. Еднаш физички кога ќе го снема и еднаш кога нема да се споменува. Затоа друже, вечно ќе живееш во нас. Вечерта кога победи за градочалник, одевме кон плоштад и ми рече – ‘Друже, што направивме, од вечерва го менуваме светот. Се ќе си биде само нас ќе не нема’, така зборувавме со Јован. Збогум пријателе, збогум градоначалник, збогум голем човеку“, рече претеникот Томислав Тунтев во своето проштално обраќање.

На комеморацијата се обрати и синот на починатиот градоначалник. Димитар Стојаноски кој зборувајќи за татко си, рече дека по победата на локалните избори, охридскиот градоначалник рекол „Луѓе дајте да живееме за Охрид“.

„Фин беше. Уште како дете ме носеше на натпревари и ми велеше, ќе те научам што е љубов. Пред некој ден дојде дома на еден саат. Заспа веднаш. Му велам – ‘Како можеш да заспиеш толку брзо?’, а тој возврати ‘Сине, мене чиста ми е совеста’. Ме учеше да ги почитуваме вредностите на животот“, рече Димитар, синот на починатиот градоначалник на Охрид.

На комеморацијата се обрати и секретарот Игор Бежовски, во име на општинската администрација.

„Со мене беше и на последното патување накај Скопје. Заедно го завршивме и последниот колегиум за буџетот на Охрид. Во 2019 сакам да видам нови училишта, градинки, касарна… Ќе продолжиме по твојот пат“, рече Бежовски.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и други министри во Владата, сегашни и поранешни градоначалници пристигнаа во Општина Охрид на комеморацијата на градоначалникот Јован Стојаноски. Освен нив, во салата на општината присутно е и семејството на градоначалникот. Присутен на комеморацијата е и пратеникот Александар Кирацоски, како и премиерот Зоран Заев.

Комеморација се одржа и на Факултетот за туразам, угостителство и организациони науки. Во име на студентите на факултетот беше прочитано прошталното писмо во кое студентите на професорот Стојаноски се простија со слоганот „Адио профа“.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице