Тунтев: Ќе се потврдат информациите за злоупотреба на водата на Охридското Езеро

Од:

„Како што може да се види, нивото на Охридското Езеро е с’е уште под критичното ниво, односно под законски утврдениот минимум, а последиците по биолошкиот свет допрва ќе се ценат.

Недозволиво е Никола Бакрачески да се крие и како градоначалник на Охрид лично да не објасни кои се причините за критичниот пад на нивото на Охридското езеро.

Информациите до кои дојдовме се скадалозни и укажуваат на злоупотреба на езерските води од страна на ЕЛЕМ повеќе од дозволивото, за производство на струја!

Ова се случува во услови кога Македонија е соочена со увоз на струја од над 6 милиони евра до овој момент, како и со постојани испади во системот на РЕК Битола и недостиг на други домашни капацитети од коишто би можело да се обезбеди домашна струја.

Екстремниот пад на нивото на водата е сериозна закана по еко-системот на езерото и ќе се потврдат информациите за злоупотреба на водата на Охридското Езеро. Ова претставува незаконско дело, а покрај тоа и загрозување на нашето природно наследство, бидејќи Охридското езеро е заштитено од УНЕСКО како светско природно наследство!

Ги повикуваме Бакрачески и локалната власт веднаш да ја известат јавноста за сите информации околу случајот. На сите инволвирани страни им порачуваме веднаш да престанат да го злоупотребуваат Охридското Езеро. Никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Република Македонија, за да покрива неодговорни и погубни политики.

Со промените што доаѓаат, ќе се стави крај и на несовесниот и неодговорниот однос кон Охридското Езеро. Секој кој сторил било какво загрозување или уништување на природните богатства на Македонија, ќе мора да понесе одговорност“, изјави д-р Томислав Тунтев, претседател на ОО на СДСМ Охрид и пратеник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага