(ВИДЕО) Тунтев: Формирање на 10 пратенички групи е блокада на Собранието

Од:

Пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев смета дека формирање на десет пратенички групи од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, не е ништо друго освен блокада на Собранието и претставува оневозможување на реформските процеси.

– ВМРО-ДПМНЕ се однесува лицемерно и неодговорно. Ги повикувам да се откажат од несовесниот потег, кој е спротивен на државните и интересите на граѓаните, рече Тунтев.

Според него ВМРО-ДПМНЕ има право да ги формира пратеничките групи, но не за да ги опструира реформските процеси.

– Ние како парламентарно мнозинство ќе ги преземеме сите мерки за да ги спречиме во намерата. Од авион се гледа дека опструираат, за да не се разреши Марко Зврлевски, рече Тунтев.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“