Туневски: Струјата по 6 години е двојно поскапа

Од:

„После шест години на власт, иако Владата не започна ниту еден електро-енергетски објект, конечно барем влезе во фаза привршување на проектот ХЕЦ Света Петка, кој Владата на СДСМ го проектираше, отпочна и го остави на наредната влада да го доврши, велат од СДСМ.

„ХЕЦ Света Петка е проектирана годишно да произведува околу 6.6 гигават часови електрична енергија, која ќе влијае на стабилноста на електро-енергетскиот систем и ќе го поштеди ЕЛЕМ од увоз на скапа интервентна струја од околу 6 ипол милиони евра годишно. ХЕЦ Света Петка е инвестиција на СДСМ започната на 2004, изведувана според предвидената динамика до 2006, а требаше да биде завршена до март 2009 година“, рече Атанаско Туневски.

Изградбата касни три ипол години, и наместо за 34 месеци, објектот се привршува за 70 месеци, што е скандалозно каснење од над 100 проценти, потстеува СДСМ.

„Изминативе 6 години, Владата на Никола Груевски не отпочна и не инвестираше во ниту еден производен електро-енергетски објект. Покрај недостатокот од инвестиции, Владата на Никола Груевски, од крајно сомнителни причини, ја пропушти најголемата “грин-филд“ инвестиција не само во енергетиката, туку и воопшто во Македонија. Во 2006-та година, минатата влада на СДСМ и остави завршен тендер на новата Влада, која требаше само да го потпише договорот и со тоа во ТЕЦ Неготино ќе се инвестираа преку 800 милиони евра и истиот ќе станеше огромен проиводител на електрична енергија, рамен на РЕК Битола. Наместо тоа, Владата на Груевски тендерот го поништи и објави нов, кој може да се смета за најкоруптивната и најсомнителна тендерска постапка во Македонија, која се закануваше да прерасне во меѓународен скандал“, рече Туневски..

Се направи обид ТЕЦ Неготино да се даде на форма со сомнителен капитал, а Македонија да се претвори во огромна пералница на пари, поради што загриженост искажаа повеќето странски амбасадори, чии ДПШ-а беа објавени на „Викиликс“.

Станавме , вели, земја зависник од увоз на скапа струја, во интерес на најдоходовниот бизнис на “фамилијата“ – интервентниот увоз на скапа струја од странство.

„Сметката за ова комотно однесување на Владата ќе ја платат сите граѓани на Република Македонија, а таа веќе почна да пристигнува. Регулаторната комисија втор пат оваа година ја зголеми цената на електричната енергија, а според најавите тоа нема да биде последно покачување. Ако на тоа се додадат и зголемувањата на цената на електричната енергија во изминатите 6 години, ќе се добие фрапантен податок дека струјата е двојно поскапена“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он