Туфегџиќ: Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на Ѓорчевски

Од:

Владимир Туфегџиќ, адвокатот на Александар Ѓорчевски, по денешното судење истакна дека Обвинителството уште еднаш потврдило дека нема аргументи против таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, додавајќи дека тој е неосновано обвинет.

Туфегџиќ подвлече дека Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на обвинетиот.

– Јавниот обвинител смее да дискредитира исказ, но не и личност на обвинетиот. Тука се почувствува еден малку понижувачки однос кон Александар на прашањата кои се однесуваат и се од лична природа. Ова денеска значеше проверка на исказот на Александар кој го даде во директното испрашување и проверка на сите искази на Александар кои ги даде во текот на целата оваа постапка, вклучително и полициска и истражна постапка и постапка пред јавен обвинител. Можам да констатирам дека јас лично сум задоволен и во основа нема никаков основ, ниту аргумент Јавното обвинителство понатаму да го држи Александар со вакво обвинение, рече тој.

Адвокатот изрази увереност дека правдата ќе биде задоволена, додавајќи дека конечната одлука ја носи Судот.

– Ќе се воздржам од очекувањата, мислам дека ќе проработи свеста и совеста на Обвинителството. Секако сум сигурен и убеден дека и тие се сигурни и убедени дека докрај не може да додржи обвинението кон Александар, но да причекаме. Ќе го видиме тоа некаде пред завршните зборови дали обвинителот ќе се охрабри тоа да го направи. На крајот на краиштата конечната одлука ќе ја донесе Судот, дополни тој.

Во врска со прашањата зошто договорите за дар на становите на Вања и Миња сѐ уште не се солемнизирани, адвокатот рече дека не заслужуваат никаков коментар.

– Не заслужува никаков коментар бидејќи јавниот обвинител освен тоа што е факт дека не е до крај завршена процедурата за солемнизација на договорите, тие договори и тие трансакции не ги довел со ниту еден доказ во ниту една конотација со ваков грозоморен чин и со вакво убиство. Во тој дел и самиот Александар неколку пати го праша обвинителот да му појасни на што точно алудира и тука завршува мојот коментар, рече тој.

Би можело да ве интересира

Таткото на Вања низ солзи сведочеше, тврди дека не ги познава другите обвинети: Тие не чувствуваат ниту вина ниту покајание

Катерина Ѓуровски

Кешишев бил домар во „Десна“, правел се што му кажувал Палчо, за убиствата не кажал оти го „опоменале“

Катерина Ѓуровски

Таткото на убиената Вања, Александар, треба сведочи денеска

Катерина Ѓуровски

Кешишев дознал за таткото на Вања во притвор, Палевски најави над 90 прашања

Катерина Ѓуровски

Палевски ќе го испрашува Кешишев за кого бил „царот“

Катерина Ѓуровски

Решиле да киднапираат луѓе за да финасираат партија, не знаел дека Палевски носи пиштол, сведочи Велибор Манев

Катерина Ѓуровски