Труењето на учениците во „11-ти Октомври“ – вонредна точка на седницата на Советот на општина Центар

Од:

„Веднаш по сознанието за групно труење на ученици во ООУ “11-ти Октомври“ и по јавувањата од загрижени родители, реагираше градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Согласно Законот за основно образование, веднаш се обрати до училишниот одбор и побара да се преземат итни мерки за спречување на ваквата состојба и веднаш да го информираат за преземените мерки.

Градоначалникот најави дека општината ќе ги преземе неопходните чекори, а за состојбата, како вонредна точка, ќе расправа и Советот на општината на седницата во вторник, 22.09.2015’“, се вели од соопштението на Општина Центар.

Еве што стои во вчерашното известување од Жерновски до училишниот одбор:

“1.Според писмено Известување од директорката на училиштето упатено до Одделението за образование на Општина центар – Скопје, констатирано е дека недостасува доставна книга за излезни фактури на училиштето;

2.По добиена согласност од градоначалникот на Општина Центар за пополнување на работно место професор по англиски јазик што треба да ги исполнува законските услови за прием, врши избор на несоодветен кандидат кој не може да биде пријавен во Агенцијата за вработување на Република Македонија. Поради тоа не е отпочната наставата по тој предмет во тековната учебна година;

3.Годишниот извештај за работа за 2014/2015 не е усвоен од страна на Советот на Општина Центар;

4.Директорката ги раскинала договорите за работа на наставници кои имаат повеќегодишно искуство и кои биле прогласувни за најдобри оделенски наставници, а на нивно место примила одделенски наставници со многу мало работно искуство, со што лошо се влијае на наставниот процес и квалитетот на образованието;

5.Училиштето во моментот е во лоша финансиска состојба поради лошо менаџирање со средствата од страна на директорката;

6.Директорката не поседува квалитетни менаџерски способности, поради што тендерот за исхрана на децата во целодневната настава не е поминат, а децата се принудени да носат храна од дома, што е причина за појава на вироза во последните неколку дена;

7.Хигиената во училиштето е на многу ниско ниво, чешмите во училниците се без вода, тоалетите се многу нечисти и без соодветен инвентар;

8.Во јануари 2015 година поради горенаведените состојби, две одделенија скоро две недели ја бојкотирале наставата, а потоа беа приморани секоја сабота, не по своја вина, да ги надоместат изгубените часови.

Поради горенаведените состојби, сметам дека директорката направила низа повреди од одредбите на Законот за основното образование, како: неостварување на Програмата за работа, нереализирање на плановите и програмите за воспитно-образовната работа, со што се нанесува штета на учениците, на нивните родители и на училиштето. Согласно член 134 од Законот за основното образование барам да свикате седница на Училишниот одбор, да донесете заклучок и истиот го доставите до директорот на произнесување.“

За потсетување, директорката на училиштето, спротивно на ставот на општината, е поставена директно од министерот за образование и за истиот случај е поднесена кривична пријава за претседателот на училишниот одбор за незаконскиот избор.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство