Трудница почина во штипската болница

Од:

Трудница почина во понеделник попладне на Гинеколошко-акушерското одделение на болницата во Штип.

Бремената жена била примена во болница во неделата со симптоми на труење, но по интервенцијата била пратена дома.

Утрово ситуацијата и се влошила и била вратена во болница, на Гинеколошко-акушерското одделение. Таму лекарите утврдиле дека се наоѓа во животна опасност и направиле обид да ја спасат, но безуспешно. Неуспешен бил и обидот да го спасат бебето, кое исто починало.

Телото на починатата трудница е пратено на обдукција, по што ќе се знаат точните причини за смртта.

Детали за овој несреќен случај се најавени за вторник.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата