Трпески: Неоснована кривичната пријава од Финансиската полиција

Од:

Поранешнииот директор на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески соопшти дека е неоснована кривичната пријава што против него ја поднесе Финансиската полиција поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавата, соопшти Трпески, претставува класична политичка хајка против мене заради моите активности со кои се спротивставувам на штетните политики кои ги спроведува актуелната власт.

Тој тврди дека на барање на Светска банка работел на проект финансиран од оваа банка за да го помогне развојот на Катастарот на Србија.

– Со мојот ангажман како советник на катастарот на Србија не е прекршен ниту еден член од ниту еден закон, не сум ја злоупотребил својата позиција, ниту пак сум отворал патни налози или пријавувал патни трошоци за бензин ниту пак сум користел службени возила или подигнувал дневници во функција на овој мој советнички ангажман. Најголемиот дел од мојот ангажман го вршев од Република Македонија користејќи ги модерните алатки за комуникација, додека за одењето во Република Србија исклучително се користеа неработни денови или денови од годишниот одмор а сите трошоци се подмируваа од страна на банката за што постојат докази, се вели во соопштението од Трпески.

За кривичната пријава, тврди дека дознал од медиумите и оти Финансиската полиција од него воопшто не побарала никакви изјави, појаснувања, документација или појаснувања за предметот кој го воделе.

– Политичката хајка против мене е со цел да се покрие слабата работа на актуелното раководство на македонскиот катастар, смета Трпески и најавува дека ќе поднесе кривична пријава против сите инволвирани лица и оти ќе ги информира сите меѓународни институции за како што навеудва „политичката хајка“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски