Трпеновски: Антикорупциска е анонимна, зависна и непрофесионална

Од:

Многу иницијативи, мал ефект, на 10-годишнината од формирањето на Антикорупциската комисија, актуелните се фалеа, претходниците ги критикуваа.

Љубинка Корабовска актуелната претседателка, инаку туристички менаџер,  одржа пригоден говор се фалеше дека добро и професионално работат, но не спомена  ниту еден сработен и завршен  предмет во нејзиниот неколку месечен мандат.

Задачата на Комисијата е да води неселективна борба против секој сторител на казниво дело, порача некогашниот  антикорупционер,  кој беше критикуван за  неговото влијание во Комисијата при донесувањето на одлуката во случајот со сегашниот премиер Груевски,тогашен министер за финансии, и трите стана купени во време на кризата. Комисијата процени дека нема судир на интереси, а Михајло Маневски беше награден со министерската фотелја.

Пионерскиот прв состав на Антикорупциската комисија   е незадоволен од работата,  професионалноста  и независноста на актуелните.

„За разлика од порано кога Комисијата сама истражуваше  користејки ги случаите за кои зборуваше јавнсота, денешната Комисија не постапува по актуелните состојби, како истражување на потеклото на 3 милиони евра потрошени од политичка партија за изборен процес,случаи на непотизам, партиска исполитизираност или приватизација на медиумскиот простор“, забележа Јово Трпеновски.

Комисијата остана анонимна, јас не ја чувствувам, не се гледа дека преземаат случаи од медиумите и иницијативи за  процесуирање. Земете го нивниот професионален, образовен и искуствен профил и ќе добиете заклучок“ , рече Трпеновски.

Би можело да ве интересира

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски