Тројцата најтешко поврдени во сообраќајката кај Ѓер не се во животна опасност

Од:

Трите лица кои по сообраќајката кај градот Ѓер здобија тешки телесни повреди, веќе не се во критична состојба, изјави за МИА амбасадорот на Македонија во Будимпешта Дарко Ангелов кој денеска ги посети хоспитализираните.

– По првичните интервенции на лекарите овие лица се надвор од животна опасност и веќе се контактибилни. Добиваат соодветна медицинска грижа во болницата во градот Ѓер. Ќе им бидат направени повеќе хируршки зафати во наредниве денови по што, за седум до 15 дена, се очекува и да бидат пуштени на домашно лекување, рече Ангелов.

Според него, згрижените 4 – 5 лица ќе останат уште некој ден во Будимпешта, а помал дел од повредените се сместени во болницата во градот Татабања.

– Останатите кои имаат полесни повреди веќе се пуштени од болница. За нив е организиран превоз за Скопје преку компанијата „Тото“, додека за оние кои ќе останат на малку подолго лекување, нашето Министерство за здравство ќе организира амбулантски превоз до Македонија, информира амбасадорот.

Причините за несреќата што се случи ноќеска во 1:05 часот во близина на Будимпешта кога автобус нан компанијата „Тото’ што сообраќаше на релација Скопје –

Прага излета од патот и падна во канал, се уште не се утврдени. Извесно е само, како што нагласи Ангелов, дека не е вклучено друго возило, автобусот излетал поради подлизгување.

Од вкупно повредените 28 лица, 21 се македонски државјани, четворица чешки и тројца државјани на Бугарија.

Македонското МНР преку амбасадата во Будимпешта го добило записникот за сообраќајката. Возачот на автобусот е приведен од унгарската полиција и против него е поведена кривична постапка.

Би можело да ве интересира

Моторџијата кој го прегази Југо Николовски ќе одговара за тешки дела против безбедноста и за неукажување помош

Катерина Ѓуровски

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски

Момче е повредено во сообраќајка во Охрид

Тројца повредени во сообраќајка на регионалниот пат Штип – Велес

Загина мотоциклист на автопатот Табановце – Куманово

А1он

Четири лица се мртви, а 16 се повредени во судир на украдено возило од автобус во Тексас

Горан Наумовски