Тројцата министри од Алтернатива нема да присуствуваат на собраниската седница за нивно разрешување

Од:

Тројцата министри од Алтернатива, за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора, нема да присуствуваат на денешната собраниска седница закажана за во 15 часот за реконструкција на Владата, потврдија за МИА од Алтернатива.

Како што посочија од партијата, тројцата министри остануваат на ставот дека нема да дадат оставки, и како што велат, доколку има премиерот Димитар Ковачевски некоја забелешка кон нивната работа да ги разреши.

Во пресрет на денешната седница, „Алтернатива“ синоќа ја соопшти одлуката на Централното претседателство дека ќе делува како опозиција, а претходно во петокот премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на АА Арбен Таравари ги заокружија преговорите за соработка.

Претседателот на „Алтернатива“ Африм Гаши вчера по седницата на Централното собрание најави дека тројцата пратеници од оваа партија ќе дејствуваат како опозиција, нивните функционери ќе се повлечат од функциите, но доколку има уставни измени ќе гласаат „за“.

Министерот за здравство Беким Сали од Алтернатива треба да биде заменет со д-р Фатмир Меџити, специјалист невролог во Универзитетската клиника за неврологија, додека позицијата на Адмирим Алити во МИОА се остапува на Азир Алиу, доктор по информатички науки на Природно-математичкиот факултет при УКИМ-Скопје, кој има работно искуство како професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, и во приватниот сектор.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата