Тројца жители на скопско сакале да украдат конструкција од штала на живинарска фарма

Од:

Полицајци од СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево ги привеле Е.Б.(22), М.Д.(25) и А.Д.(31), сите од селото Елово во општина Студеничани, поради основано сомнение дека минатата недела се обиделе да извршат тешка кражба во живинарска фарма во селото Маркова Сушица.

Тие, со употреба на специјален алат се обиделе се обиделе да ја исечат и да ја однесат металната конструкција од шталата, сопственост на Р.Р. од село Батинци, велат од полицијата.

Со тројцата осомничени бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби