Тројца затвореници избегале од КПД „Идризово“, полицијата ги фатила и ќе бидат вратени во затворот

Од:

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска околу 16.45 часот ги лишиле од слобода И.Ј.(36), Е.Д.(36) и М.Р.(37), сите од скопското село Студеничани. Министерството за внатрешни работи информира дека околу 9 часот денеска тие побегнале од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ каде што биле на издржување казна затвор.

-По преземени мерки и активности, тројцата биле забележани во село Долно Лисиче со патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжиле со движење кон село Јурумлери, но набргу биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај И.Ј. и Е.Д. биле пронајдени и одземени два ножа, соопшти МВР.

И.Ј. бил осуден на вкупна казна затвор затвор од 11 години за сторени кривични дела по член 215, член 418-б и член 144 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и три месеци.

Е.Д. бил осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 18 месеци од казната.

М.Р бил осуден на казна затвор од осум години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 418-б од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години од казната.

Тие ќе бидат спроведени во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Би можело да ве интересира

Затвореник од „Идризово“ загина од струен удар

Горан Наумовски

Рубио ја повикува Куба веднаш да ослободи повеќе од 700 политички затвореници

Хегсет: Требаше одамна да ги егзекутираме затворениците од Гвантанамо

Горан Наумовски

23-годишен осуденик од „Идризово“ почина во Клиничкиот центар во Скопје

Со закани бараше пари од поранешниот партнер на ќерката, уапсен е жител на Идризово

Трамп: Политичките затвореници во Венецуела имаа среќа што САД се појавија