Тројца затвореници го претепале Боки 13 во затвор, со Брза помош однесен во болница

Од:

Бојан Јовановски-Боки 13 бил брутално претепан во затворот „Идризово“, дознава „А1он“. Тој има повреди во пределот на главата, рацете, но и во абдоменот каде веќе имаше здравствени проблеми, поради што беше задржуван во болница и лекуван. Од МВР за „А1он“ потврдуваат дека пријава стигнала и до нив. Неофицијално, за настанот постојат и видео записи од безбедносните камери во затворот.

„Во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР за „А1он“.

Неофицијално, на претепувањето на Боки 13 не претходеле никакви претходни вербални расправии. Трите лица кои му ги нанеле повредите, немале ниту претходна расправија со затвореникот. Настанот се случил во дворот на установата. По ова, со Брза помош, Боки 13 бил однесен во Урегнтен центар.

„А1он“ детали побара и од затворската управа на „Идризово“ за тоа кои се причините за нападот, во каква состојба е Боки 13, но и кои се напаѓачите. До овој момент, оттаму нема одговор.

Би можело да ве интересира

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески