Тројца загинати во сообраќајка на патот Гевгелија-Богданци

Од:

Три лица починаа во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне околу 14:39 часот на регионалниот пат Гевгелија – Богданци во близина на местото викано „Шарен мост“.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, сообраќајната незгода помеѓу возила „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Џ. (20) од Богданци и „Форд Фиеста“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.П. (40) од Кавадарци. Во незгодата, од здобиените повреди, на место починале К.П.Ѓ. (17) и М.Ш. (20), двајцата од Богданци, сопатници од возилото „Ауди“. Возачот од тоа возило, Б.Џ. бил пренесен во Јавна здравствена установа-Гевгелија каде во 16:30 часот починал. Возачот во возилото „Форд“, Љ.П. се здобил со телесни повреди и е пренесен во Јавна здравствена установа Кавадарци, наведува МВР во редовниот Билтен.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите се дадени во Институтот за Судска медицина за обдукција.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он