Три деца загинаа по експлозија на плинска боца во кумановско Романовце

Од:

Три деца на возраст од 6, 8 и 9 години загинаа, а шестмина се повредени по експлозија на плинска боца во семејна куќа во кумановско Романовце, соопшти СВР Куманово.

Експлозијата настанала во 10 часот во куќата на Ш.А во село Романовце. Од експлозијата на плинската боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место, а шест лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредите тие се префрлени во Ургенетн центар Скопје.

Известен е јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово кои се на терен и ќе ги утврдуваат причините за несреќата.

Од противпожарната единица потврдија дека интеревенрирале на пожар во куќа во Романовце. Кај нив пожарот бил пријавен во 10:10
часот, по што пожарникарите го гаснеле пожарот до 11.10 часот.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари