Тројца загинати во сообраќајка кај Страцин

Од:

На повредите од тешката сообраќајна несереќа кај кумановско Страцин им подлегна и Драган И. од Крива Паланка (55), возач на автомобилот „Тико“.

Во судирот на автомобилите на автопатот Крива Паланка – Куманово, освен возачот на „Тикото“ загинаа и триесет и четиригодишниот Далибор М. од Крива Паланка и Гаши И. (36) од Приштина, Косово.

Од полицијата информираат дека во несреќата се повредени четири лица кои биле сопатници во „Тикото“ и косовскиот „Голф“ и сите се пренесени во болница.

Сообраќајката се случи утрово околу 5:15 часот. Од се уште неутврдени причини, три автомобили се судриле на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај селото Страцин.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он