Тројца ученици од „Љубен Лапе“ во Аеродром ослободени од настава оти мајка им се вратила од Италија

Од:

Тројца ученици од основното школо „Љубен Лапе“ во Аеродром, сите од едно семејство, се ослободени од настава поради тоа што пред една недела нивната мајка била на прошетка во Италија. До вчера учениците доаѓале на настава па кај другите родители се проширила паника поради можноста за коронавирус. Директорката на училиштето, Маријана Панчевска, вели дека ги презеле сите мерки по препорака на министерствата за образование и за здравство.

„Учениците од ова семејство денес не се на настава. Вчера, следејќи ги препораките на Министерството за образование, исконтактирани беа сите родители. Ова семејство е единствен случај во нашето училиште на лица кои имале некаков контакт со Италија. Мајката пријавила дека била на прошетка, но дала изјава дека нема никакви симптоми. Децата не била со неа на патувањето, но не се на настава за да превенираме секаква можност“, изјави за „А1он“ директорката Панчевска.

Утрово најмалото дете дошло на настава, но по укажување од наставничката родителите си го зеле. Децата се прво, четврто и седмо одделение и ниту едно нема симптоми на грип.

Директорката Панчевска вели дека во училиштето се преземат сите препорачани превентивни мерки против ширење вируси.

„Имаме дезинфициенти за раце, за мебел, ги следиме сите препораки за одржување на хигиената, а забранивме во училиштето да влегуваат родители“, рече директорката Панчевска.

Владата во средата ги извести сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основното, средно и високо образование, јавните научни установи, како и сите ученици и студенти доколку во последните две недели патувале или живеат со некој кој патувал во Ломбардија, Венето, Емилија, Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Меку, Филипини, Република Кореја, Сингапур или Тајван дека е потребно наредните две недели да бидат ослободени од работни обврски и настава, да не доаѓаат на работното место, односно учениците кои патувале во овие региони или живеат со некој кој патувал во овие региони, да бидат ослободени од настава.

Владата ги задолжи основните, средните училишта, универзитетите и јавните научни установи да ги одложат сите планирани патувања и екскурзии во Италија.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски