Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

Од:

Во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Три Чешми-Штип се случи сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген голф“ управувано од Д.Е.(44) од Кратово и возило „опел“ управувано од В.Б.(32) од Р. Турција, со привремен престој во Скопје.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот В.Б. и неговите сопатници Ф.А.(27) од с.Долно Коњари и Б.Б.(30) од с.Средно Коњари, општина Петровец, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје