Тројца тешко повредени од пожарот во Кочани заминаа на лекување во Атина

Од:

Авионот на грчкото воздухопловство со тројца повредени во пожарот во Кочани, полета од скопскиот аеродром кон Атина каде што повредените ќе бидат хоспитализирани во Општата воена болница 401 на Одделот за повредени со изгореници.

Од грчката амбасада во Скопје на Фејсбук објавија фотографии од аеродромот, објаснувајќи дека со Ц-130 авион на грчкото воздухопловство се врши лет за медицинска евакуација со тројца пациенти на интензивна нега „кои ќе добијат специјален третман во воената болница 401 во Атина“.

– Нашите мисли и молитви се со нив. Солидарност со Северна Македонија, напишаа од грчката амбасада.

Авионот вечерва полета од атинскиот воен аеродром за Скопје и откако ги презеде повредените веднаш се враќа во Атина.

Во две болници во Солун, во општата болница Папаниколау и воената болница веќе се на лекување пет лица.

Уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград, четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, осум во Универзитетскиот клинички центар, по двајца повредени заминуваат на лекување во Виена и Загреб, а тројца во Атина.

Би можело да ве интересира

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“

Гостин од „Пулс“ сведочи: Пожарот не го забележавме веднаш, пред излезот настана стампедо