Тројца стоматолози останаа без докторска лиценца

Од:

Тројца стоматолози, по извршениот инспекциски надзор од Државниот и санитарен инспекторат на Република Македобија, останаа без докторска лиценца и добија отказ од јавното здравство поради паралелно вршење на стоматолошка дејност во јавното здравство и во приватни здравствени ординации.

По инспекцискиот надзор извршен на 12 септември, три приватни стоматолошки ординации д-р Мила Јамаковска, д-р Ковачевска и д-р Јанкуловски биле затворени 30 дена.

– Според законот, оние кои се вработени во јавна здравствена организација можат да работат дополнително само тогаш кога јавната здравствена организација ќе склучи договор со приватната. Се друго е незаконски и подлежат на санкции кои се дадени во Законот за здравствена заштита, рече на денешната прес-конференција претседателот на Стоматолошката комора на Македонија, Марија Накова.

Таа информира дека на 24 септември Стоматолошката комора добила предмет известување од Државниот здравствен и санитарен инспекторат за извршениот увид и инспекциски надзор и побара од Комората да го примени членот 132 од Законот за здравствена заштита.

– Стоматолошката комора ги свика на 5 октомври своите органи и тела и им го презентира доставениот извештај од Државниот санитарен инспекторат. Ја разгледавме законската регулатува и постапивме по нејзините надлежности, на лицата кои се најдени на работа во приватни здравствени организации, а работат во јавната здравствена установа Универзитетски стоматолошки клинички центар, привремено им се одземаат лиценците за работа, во согласност со членот 222 и членот 132 од Законот за здравствена заштита, рече Накова.

Лиценците привремено се одземаат на четири години. Потоа стоматолозите одат на обука, имаат проверка на знаењата, добиваат лиценца повторно, но во следните две години не можат да реализираат дополнителна дејност.

Стоматолошката комора брои 3.500 членови, доктори стоматолози со лиценци.

Би можело да ве интересира

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски