Тројца слушатели на основна обука за полицаец паднале во бесознание

Од:

Во Центарот за обука на Министерството за внатешни работи изутрината околу 08:20 часот, при спроведување утринска смотра со слушателите на основна обука за полицаец, генерација 2017/18 година, во присуство на дежурните на Центар за обука, командирот на класа, како и други дисциплински старешини, тројца слушатели од непознати причини паднале во бесознание, по што веднаш било интервенирано од страна на дисциплинските старешини.

МВР соопшти дека тројцата слушатели се извлечени од строј и им е укажана прва помош по која изјавиле дека се чуствуваат подобро.

Во меѓувреме, како што се посочува, на тегоби и вртоглавици се пожалиле уште неколку слушатели, за што од страна на дежурните на Центар и командирот на класа утринската смотра е прекината, а кандидатите упатени се во училници.

Од МВР наведуваат дека за настанот веднаш е повикана Брза помош, која пристигнала околу 09:10 часот и од страна на медицинскиот персонал им биле извршени медицински прегледи на 38 слушатели. Три од лицата со амбулантното возило од Итна медицинска помош се пренесени во Клиничкиот центар, две од нив се пуштени веднаш по дополнителниот преглед додека едно лице е задржано.

За целиот настан се информирани соодветните органи во Министерството за внатрешни работи, кои во координација со Агенција за храна, околу 11:30 часот од објектот за исхрана во Центар за обука, подигнале примероци од храна за понатамошно постапување, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР