Тројца романски државјани приведени поради кражба на злато од дуќан во Охрид

Од:

Охридската полиција пронајде и приведе три од шесте лица кои вчера ја ограбија златарницата „Прима Голд“во охридската чаршија. Приведените се романски државјани, А.Л.(23), А.Р.(32) и М.Ф.Р(16),  против кои е поднесена кривична пријава за извршено дело „тешка кражба“.

Од страна на истражен судија на тројцата им е одредена мерка притвор во траење од 24 односно 48 часа, а полицијата презема дополнителни мерки за пронаоѓање на други три лица кои се уште се во бегство.

Кражбата била извршена вчера околу 15 часот, кога шесте лица влегле во продавницата и додека дел од нив со разни прашања за накитот и цените се обидувала да и го одвлече вниманието на вработената, останатите од стаклениот пулт со изложен накит краделе златен и сребрен накит.

Секторот за внатрешни работи Охрид презема интензивни мерки за пронаоѓање на другите три лица членови на романската група, која во текот на вчерашниот ден со патничко моторно возило пристигнала во Охрид. Веднаш потоа, тие разгледале неколку златари во чаршијата по што, во „Прима Голд„ ја извршиле тешката кражба.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски