Тројца ранети во домот за бездомници во Љубанци

Од:

Четириесет и седум годишниот С.Д. од Прилеп е уапсен бидејќи пред два дена во во детското одморалиште во село Љубанци, каде времено е сместен како лице – бездомник, по претходна расправија се истепал со млади скопјани, кои ги ранил со нож, а на крајот го ранил и својот брат.

Во инцидентот најтешко се повредени браќата 18-годишниот Р.Д. и 16- годишниот С.Д. Немилиот настан се случил околу 23,30 часот. Уапсениот С.Д. седел во својата соба во детското одморалиште. Во еден момент излегол во ходникот и слушнал како разговараат браќата со нивниот вујко Р.У. исто така времено сместен во одморалиштето.

Момчињата во разговорот со роднината, навредливо зборувале за лицата што се сместени во одморалиштето. Тоа С.Д. не можел да го поднесе, па почнал да се кара, извадил нож и го ранил Р.Д. во стомакот, а брат му во телото и главата.

Во тој момент, дошол и братот на С.Д. кој исто така е времено сместен во детското одморалиште, кој се обидел да ги раздвои, но и тој настрадал од ножот на братот и бил ранет во левата нога.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип