Тројца работници повредени при извршување работни задачи во Кавадарци и Пробиштип

Од:

Работници од Дреново, Кавадарци и Кратово се здобиле со повреди при извршување работни задачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Рано изутринава во 02.20 часот во ОВР Кавадарци, од кавадаречката Општа болница било пријавено дека кај нив со повреди биле донесени две лица. Станува збор за Б.К. на возраст од 55 години од село Дреново и Ц.А., на возраст од 52 години од Кавадарци. Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при извршување работни задачи во фирма во Кавадарци, наведуваат од МВР.

Претходно, во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Б.А., на 29-годишна возраст од Кратово. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во рудник во Пробиштип, појаснуваат од МВР.

Увид бил извршен во двата случаја.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Жешкото време носи повеќе здравствени проблеми: Итната медицинска помош со рекорден број повици

Тешко повредена работничка во Кочани

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

Катерина Ѓуровски

Поради топлотниот бран, десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки