ВИДЕО: Тројца приведени на нива со сто стебла канабис сатива

Од:

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 18 часот, ги лишиле од слобода А.Ш. (24), Р.К.(30) и И.Т. (26), тројцата од Скопје, кои биле затекнати во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, каде се сомничат дека одгледувале „канабис сатива“. На таа локација се откриени околу 100 стебла-насади „канабис сатива“, дел засадени во земја, а дел во саксии.

-Пронајдениот „канабис“ и повеќе други предмети се фотодокументирани и подигнати за вештачење. Трите лица, во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на денот тројцата бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица