Тројца престапници не успеале да и избегаат на полицијата

Од:

Во текот на вчерашниот ден полициските службеници лишиле од слобода тројца престапници на различни локации низ државата. Станува збор за 48-годишниот Николча Д. кој се барал за издржување на затворска казна во траење од две години за сторено кривично дело „затајување“, а бил приведен од полициски службеници по судска наредба и спроведен во полициската станица во Кисела Вода.

Постапувајќи по судска наредба полицијата го уапсила 32-годишниот Идриз Е. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна од шест месеци поради „тешка кражба“. Спроведен е исто така во полициската станица во Кисела Вода, а поради сомневање дека патната исправа му била фалсификувана, полициски службеници вчера во 22 часот, е уапсен 46-годишниот М.М. кој имал намера да влезе во државава преку граничниот прмин Блаце.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ