Тројца пратеници од мнозинството позитивни на коронавирус, Собранието без кворум

Од:

Собранието не успеа да го утврди дневниот ред за 34 седница, поради немање кворум. Тројца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на коронавирусот и поради тоа не можеа да присуствуваат на работата на Парламентот, информира претседателот на Собранието Талат Џафери. Во салата беа присутни 59 пратеници.

– Во четвртокот минатата недела утврдивме дека денешниот ден ќе биде ден за гласање на точките коишто поминале на расправа. За жал, морам да констатирам дека од мнозинството се присутни 59 пратеници. Тројца пратеници се спречени да учествуваат на оваа седница затоа што се заразени со коронавирусот. Двајца од нив добиле одлука за изолација, бидејќи се позитивни на Ковид-19, а третиот пратеник, кој има симптоми, очекува резултати, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери, додавајќи дека поради здравствената состојба на пратениците денеска не може да го утврди дневниот ред.

Тој рече дека гласањето ќе се одржи во следниот период, за што пратениците ќе бидат дополнително известени.

Собраниската седница продолжи со точка број 67, за Законот за тутун поднесен од група пратеници од мнозинството.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието