Тројца повредени во сообраќајка на патот Делчево-Штип

Од:

Синоќа на патниот правец Делчево-Штип, на место викано „Чифличка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три возила.

МВР соопшти дека во несреќата учествувале автомобил „ауди“, управуван од Б.Д.(23) од с.Борилчево, кочанско, патничко возило „хјундаи“, управувано од С.С.(30) од Штип, двете со кочански регистарски ознаки, и патничко возило „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(38) од Виница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., а останатите двајца возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Штип, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он