Тројца повредени во сообраќајка кај Струмица

Од:

Три лица се повредени во сообраќајка, која се случи синоќа околу 18:30 часот, на влезот во селото Муртино на регионалниот пат од ова село кон селото Робово.

Настанот го потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека во незгодата учествувале трактор и автомобил „мерцедес“ со струмички регистарски таблички.

Повредени се возачот и сопатник од тракторот и возачот на автомобилот, кои се пренесени на лекување во струмичката болница.

Извршен е увид на местото за утврдување на причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски