Тројца повредени во сообраќајка кај делчевското село Бигла

Од:

Тројца повредени е билансот од сообраќајната несреќа што вчера наутро се случила кај селото Бигла во делчевско во кој се судрила два автомобила. Тешки телесни повреди има возачот на едниот автомобил додека повредени се и неговите сопатнички. Повредените се сметени во Клиничката болница во Штип.

– На 28.04.2023 во 09.40 часот пријавено е дека кај с.Бигла-делчевско се случила сообраќајната несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген венто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.М.(70) од Македонска Каменица, и патничко моторно возило “фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(54) од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.М., а со телесни повреди се здобиле сопатничките од возилото “фолксваген голф“ С.Т.(49) и Д.Т.(59), двете од Делчево, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Делчево, информира Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар