Тројца полицајци повредени во сообраќајна незгода

Од:

Тројца полицајци се повредени во сообраќајна незгода што се случила нешто пред четири часот утрово, на крстосницата од улицата „Франклин Рузвелт“ со улицата „Орце Николов“, информира МВР.

– На 10.07.2021 во 03:37 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, а управувано од К.Н. и патничко моторно возило „мицибуши спејстар“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(41) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што известува МВР, во незгодата со повреди се здобиле возачот, полициски службеник, на возилото „шкода јети“ и двајца сопатници, полициски службеници, од истото возило, по што им била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он