Тројца полицајци од Скопје претепале крадец додека го апселе

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Одделение за гонење на лица со полициски овластувања и затворска полиција, поднесе кривична пријава против П.Р., Б.П. и К.Г., полициски службеници од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка телесна повреда“ во врска со кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

„Пријавените, во својство на полициски службеници, при преземање на службени дејства над оштетениот А.З. од Скопје, затекнат при обид за кражба, неовластено и прекумерно употребиле физичка сила и му нанеле тешки телесни повреди. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од своите работни места до завршување на постапката“, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Се вработуваат нови 600 полицајци: Кандидатите со своерачна изјава да потврдат дека не се членови на партија

Орце Костов

(ВИДЕО) Вооружена група киднапира 14 полицајци на југот на Мексико

Кривична против двајца полицајци-примиле поткуп од 50 евра

Владата ги зголеми платите на полицајците

(ВИДЕО) Дванаесет полицајци од „Табановце“ осомничени за злосторничко здружување, примање поткуп и злоупотреба на функцијата

Двајца полицајци им „замижале“ на двајца бегалци од Албанија