Тројца починати и 108 новозаразени од ковид-19

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 30.09 до 02.10.2022) направени се 976 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 30 реинфекции.

Во текот на изминатите 3 дена (30.09 – 02.10.2022) пријавени се 3 починати лица. Две починати лица од Охрид (81г и 89г) и едно починато лице од Кратово (72г), сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.069, бројот на оздравени пациенти е 333.067, на починати е 9.537, а бројот на активни случаи изнесува 465.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска