Тројца починати, 25 нови случаи на Ковид-19

Од:

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-14, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-1, Велес-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 58-годишен пациент од Струга и 47-годишен пациент од Скопје и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на 41-годишна возраст, хоспитализиран на 19 мај.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-11, Куманово-4, Тетово-1 и Велес-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.

Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 747, активни 210
• Куманово – 438, активни 33
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 50, активни 15
• Прилеп –211, активни 47
• Тетово – 179, активни 70
• Струга – 77, активни 9
• Велес – 128, активни 40
• Битола –28, активни 7
• Охрид –23, активни 8
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –22, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1

Направените 622 теста се преку: ИЈЗ –278, Ветеринарен ф-тет -24, Авицена –20, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –79, Систина со PCR метода -54 и МАНУ -119. Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот, информираат од Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа нема нови приеми, хоспитализирани се вкупно 50 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. На инфективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 40 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19, велат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски