Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена, од 16 до 18 септември, направени се 1.216 тестови, а регистрирани се 173 нови случаи на Ковид-19.
Во Скопје се регистрирани 123 нови случаи, во Битола – 16, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Велес – 4, Куманово, Охрид и Штип – по 3, Струмица, Ресен и Кратово – по 2, Тетово и Радовиш – по 1.
Од вкупниот број на позитивни 173, регистрирани се 46 реинфекции.
Регистрирани сe 186 оздравени пациенти од: Скопје – 107, Куманово – 11, Кавадарци и Велес – по 9, Прилеп, Кочани и Неготино – по 6, Битола – 5, Берово – 4, Тетово, Кичево, Струга и Кратово – по 3, Гостивар и Струмица – по 2, Охрид, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Крива Паланка и Пробиштип – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена, од 16 до 18 септември, пријавени се 3 починати лица, едно лице од Скопје на 69 години, едно од Валандово на 75 години и од Охрид на 79 години. Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.216 тестови преку: ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-133, ЦЈЗ Битола-42, ЦЈЗ Прилеп-12, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-32,Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0,Судска медицина-0,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–28, Жан Митрев (Филип Втори)-31, Авицена-23, Биотек-44, Систина-25, лабораторија Лаор-8,Синлаб-4, Ремедика-9, Плодност-6, Генеа-2,Никоб Лаб-65, ВФВ Медикал-12,Ели МедикаПлус-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–7,ЖанМитрев Струмица–0,Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 559.
Досега во земјата се направени вкупно 2.162.814 тестирање на Ковид-19.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 161000, Активни 366
Куманово 18178, Активни 27
Битола 17895, Активни 48
Прилеп 15458, Активни 43
Тетово 14445, Активни 9
Кавадарци 12059, Активни 30
Велес 10774, Активни 17
Охрид 10294, Активни 22
Гостивар 10273, Активни 4
Струмица 8774, Активни 8
Штип 8738, Активни 21
Кичево 6064, Активни 3
Кочани 5545, Активни 7
Струга 5173, Активни 2
Гевгелија 4870, Активни 6
Неготино 4131, Активни 5
Ресен 3023, Активни 15
Радовиш 2832, Активни 6
Свети Николе 2793, Активни 0
Крива Паланка 2658, Активни 5
Делчево 2182, Активни 9
Берово 1870, Активни 1
Дебар 1812, Активни 1
Валандово 1600, Активни 1
Виница 1477, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1119, Активни 5
Богданци 1100, Активни 1
Крушево 1037, Активни 7
Демир Хисар 927, Активни 2
Македонски Брод 798, Активни 2
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 518, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
Вкупно 342248, Активни 673
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот наепидемијата изнесува 342.248, бројот на оздравени пациенти е 332.051, на починатие 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 673.