Тројца пензионирани лекари од Штип добија општински признанија

Од:

Градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев и претседателот на Советот на Општина Штип Влатко Миташев денеска им ги врачија општинските признанија на пензионираните лекари Лазар Гичев, Ристо Николов и Методи Шеќеринов.

Општина Штип пред одбележувањето на Светскиот ден на здравството доделува признанија на лекари кои со својот долгогодишен труд дале придонес во областа на медицината и спасиле човечки животи.

Градоначалникот Захариев рече дека тројцата лекари свој придонес дале како специјалисти на Одделенијата за педијатрија и интерна медицина, а од нив учеле и лекарите кои сега работат во Клиничка болница – Штип.

– Горди сме што имавме прилика да работиме со нив. Штипјани знаат за какви експерти, стручњаци се работи и мило ми е што денеска го споделуваме тој миг пред Меѓународниот ден на здравствените работници, да им дадеме признание за се она што го направија за здравјето и за здравството во нашиот град, истакна Захариев.

Пензионираните лекари велат дека не може да се направи споредба со условите кога тие работеле како специјалисти во штипската болница. Сега, велат, има современа медицинска апартура која помага при дијагностицирањето.

Во штипската Клиничка болница утре ќе се одбележи Светскиот ден на здравјето, кога ќе се доделат признанијата на вработените.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он