Тројца нови хоспитализирани во Скопје, во ковид центрите се лекуваат 121 пациент

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирани три нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 48 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Два примени пациенти имало во ковид центарот во ГОБ 8 Септември и еден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат пет пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 15 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 28 пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 73 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани седум пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти. На инфективното одделение во Тетово има двајца пациенти, во Велес се лекуваат 11 болни, а во Куманово 15 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано седум пациенти, во Прилеп тројца, во ковид центарот во Гостивар се лекуваат осуммина, а во Струга четворица болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се девет пациенти, во Кичево двајца и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани лица.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 121 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски