Тројца малолетници повредени, ги удрила кола на улица во Кочани

Од:

Тројца малолетни пешаци, од кои еден посериозно, се повредени во сообраќајка во која М.С. (24) од село Оризари, управувајќи патничко возило „Форд Фокус“ со кочански регистерски таблици удрил во нив на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани.

Двајца од пешаците се на возраст од 16 и еден на возраст од 17 години. Во незгодата пешакот, девојка на возраст од 17 години се здобила со тешка телесна повреда. Таа по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа-Кочани била префрлена во Ургентниот Центар во Скопје.

Другите двајца пешаци во несреќата што се случила вчера, се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кочани. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот