Тројца Македонци загинаа во сообраќајка во Италија

Од:

Тројца Македонци и Италијанец загинаа во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случи во провинцијата Асти во Италија.

Сообраќајната се случи на патот што ги поврзува Лигурија со јужниот дел на Пиемонт, во областа Понте Верде и во неа учествувале два автомобила.

Во едниот автомобил бил 23-годишен Италијанец, додека во другиот се наоѓале другите тројца загинати за кои италијанските медиуми јавуваат дека се 30-годишници кои се македонски државјани кои живееле во Италија.

Судирот помеѓу возилата се случил на тесна и опасна кривина на која имало многу тешки сообраќајки и во минатото.

На самото место бргу пристигнале екипи на Итна помош и пожарникари кои се обиделе да ги извлечат патниците, но не успеале да ги спасат.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово