Тројца кумановци осомничени за „Терористичка организација“ и „Тероризам“

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна постапка против три лица на возраст од 22 до 28 години, осомничени дека во текот на 2019 година на локации во Куманово и Скопје создале основи на терористичка организација со идеолошката матрица на ИСИС.

Осомничените лица, како што информираат од ОЈО, претходно се правосилно осудени и издржале казна затвор за сторено кривично дело – Учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации.

– Првоосомничениот во текот на 2019 година создал терористичка организација со основи на идеолошка матрица на терористичката организација ИСИС, на која подоцна се приклучиле други лица меѓу кои и двајцата осомничени. Обезбедувајќи финансиски средства организаторот набавувал – купувал оружје, муниција и воена опрема, а припадниците биле во улога на логистичка поддршка, стои во соопштението од ОЈО.

Како резултат на добиени оперативни сознанија, по неколку месечна меѓусебна соработка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал со подршка на Одделот за специјални полициски операции при Министерството за внатрешни работи координирани од јавен обвинител во текот на вчерашниот ден спроведоа полициска акција на четири локации во Куманово и Скопје. При извршените претреси во дом и други простории кај осомничените е запленето поголемо количество на оружје, а тројцата осомничени се лишени од слобода.

Осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, а надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави Предлог за определување на мерка притвор за трите осомничени лица.

Обвинителството, исто така, издаде наредби за вештачење на пронајдените и одземените предмети, воедно согласно надлежноста се преземаат и други дејствија во насока на расветлување на случајот.

Лицата се сомничат дека сториле кривично дело – Терористичка организација од член 394 – а и Тероризам предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Косовски и македонски државјанин осомничени за тероризам во Швајцарија

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Полски агенти уапсија 19-годишник осомничен за планирање терористички напад

Обвинителството нареди, а полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов