Тројца Грци уапсени на „Стар Дојран“, шверцувале муниција

Од:

Македонската полиција и Фронтекс вчера уапсиле тројца Грци кои шверцувале ловна муниција во земјава.

Во текот на денот биле откриени три одделни случаи на обид за внес во државата на непријавена ловна муниција, при што вкупно се пронајдени и одземени околу 200 патрони.

Во првиот случај, околу 10:20 часот, при контрола на патничко возило „Дахатсу Териос“ со грчки регистрации, управувано од 38-годишниот Х.С., биле откриени над 130 парчиња ловна муниција сокриени на повеќе локации во возилото.

Околу еден час подоцна, во 11:20 часот, во возило „Хонда“ управувано од 76-годишниот К.К., биле пронајдени 24 патрони ловна муниција.

Во третиот случај, околу 16:30 часот, при контрола на возило „Сузуки Витара“ управувано од Т.П. (62), биле откриени повеќе од 40 патрони непријавена ловна муниција.

Лицата се приведени, а пронајдената муниција е одземена. За случаите е известено надлежното обвинителство и се преземаат мерки за понатамошно расчистување на настаните.

Би можело да ве интересира

Цариници запленија 94 пара патики и 620 електронски цигари во товар со пченка

А1он

На „Богородица“ се запленети девет пиштоли, шверцерот е во притвор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата уапси 26-годишник кој превезуваше 10 килограми кокаин со висока чистота

Горан Наумовски

Шверц на културно наследство: Кумановец е уапсен на Табановце

Спречен шверц на оружје од Турција во Македонија

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски