Тркалезна маса за водоснабдување и отпадни води

Од:

Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија – АДКОМ денеска организира тркалезна маса на тема „Поттикнување на дијалог во секторот водоснабдување и отпадни води во Република Македонија преку евидентирање на клучните предизвици со кои се соочуваат засегнатите страни и препораки за нивно надминување“.

На траклезната маса ќе присуствуваат претставници од јавните комунални претпријатија, министерствата, инспекторати, Регулаторната комисија, Швајцарска развојна агенција, Делегација на ЕУ во РМ, Германско друштво за меѓународна соработка.

Секторот за водни услуги поминува низ реформски процес кој беше инициран со потребата да се усогласи националното законодавство со соодветните Директиви на ЕУ или пак од потребата за подобрување на ефикасноста на работењето на јавните комунални претпријатија (ЈКП) и обезбедување долгорочна, пред сè, техничка и финансиска одржливост на квалитетни услуги за корисниците.

Според организаторот, во овој сектор потребно е вклучување и ефективна координација на голем број засегнати страни во државата. Секторот се одликува со слаби технички и финансиски перформанси и за нивно подобрување потребно е да се обезбедат соодветни човечки, технички и финансиски капацитети, како на централно така и на локално ниво.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат